Infinity Group Infinity Group

Cleaning & Facility Service · Скопје

Управување со објекти,
без прекин.

Чистење, техничко одржување и интегрирано управување со станбени и деловни објекти — 24/7, во некои од најпрестижните и најкомплексните објекти во земјата.

350.000+m² под одржување
700+објекти
24/7достапност
3ISO сертификати

Го подигаме управувањето со објекти на повисоко ниво.

Инфинити Клининг Гроуп е компанија која се стреми да го подигне на повисоко ниво управувањето со објекти во земјата. Обезбедуваме широк опсег услуги на одржување и чистење, а нудиме и различни решенија за управување со станбени и деловни објекти, 24/7, во дел од најпрестижните и најкомплексните објекти.

Клучот на нашиот успех при управувањето со објекти е примената во секојдневниот живот на сите нарачани услуги, усогласените решенија кои ги поддржуваат активностите на клиентите, почитувањето на нивното време, како и вреднувањето на нивните барања.

Објектите со кои управуваме во име на нашите клиенти се нешто највредно за луѓето кои ги користат. Од канцеларии и домови до училишта и болници — гарантираме безбедно, ефикасно и сигурно функционирање на виталната опрема и инфраструктура.

Три столба, еден систем.

Генерални чистења и тековно одржување на хигиена

Генерални чистења и тековно одржување на хигиена во зависност од потребите на клиентите. Домови, канцеларии, јавни трговски површини, производствени капацитети, хотели и магацински простории се само дел од објектите кои ги опслужуваме преку нашата развиена мрежа на услуги.

Техничко одржување

Планирани и итни одржувања на станбени и деловни простории, вклучувајќи HVAC и BMS системи, како и основни хаусмајсторски услуги: електрика, водовод, столарија, молеро-фарбарски работи, градежно-занаетчиски работи и термо-технички инсталации.

Интегрирано управување и домување

Интегриран систем на управување со објекти — поширок дијапазон на услуги низ повеќето делови на објектите. Овој модел креира едноставен ланец на процеси кои заштедуваат средства преку минимизирање на времето и работната сила во кои клиентите би требало да инвестираат.

Нашиот персонал работи како дел од интегриран систем, а не како самостоен извршител на задача. На пример, вработениот во обезбедување за време на рутинска контрола може да ја провери чистотата на објектот и директно да ги информира хигиеничарите — што значително го намалува бројот на барања за интервенции од страна на клиентите.

Од барање до реализација, во четири чекори.

1

Барање

Контактирајте нè преку формата, телефон или Viber — кажете ни што ви треба.

2

Увид на објектот

Доаѓаме на локација и детално ги согледуваме потребите и спецификите.

3

Понуда

Добивате конкретна и детална понуда, прилагодена на вашиот објект.

4

Реализација

Започнуваме со работа — со постојан надзор на квалитетот.

Ни веруваат банки, трговски центри и институции.

Prishtina Mall — Косово

Одржување на хигиена · најголем трговски центар во Југоисточна Европа · 115.000 m²

Алта Банка

Услуги за чистење · 22 објекти низ Македонија

Министерство за внатрешни работи

Услуги за чистење · 130 објекти · 87.581 m²

Македонски Телеком АД Скопје

Услуги за чистење · 383 објекти · 45.255 m²

Џевахир Скај Сити A & B

Комплетно управување со објекти · 2 кули · 47.824 m²

Рамсторе Македонија

Услуги за чистење · 28 објекти и Shopping Mall · 39.685 m²

Империал Тобако ТКС

Услуги за чистење · 25.000 m²

Меѓународен балкански универзитет

Комплетно управување · 1 комплекс · 20.000 m²

Фонд за ПИОМ на С. Македонија

Услуги за чистење · 22 објекти · 14.281 m²

Сити Плаза Скопје (Capitol Mall)

Услуги за чистење · 12.500 m²

Кам Имобилиен — ТЦ Кмалл

Центар 9.180 m² · Ѓорче Петров 19.400 m² · Битола 3.180 m²

Агенција за национална безбедност

Услуги за чистење · 36 објекти · 7.364 m²

TTK Банка

Услуги за чистење · 39 објекти · 4.215 m²

Веропулос (Веро)

Тафталиџе · Битола · Дајмонд Мол · вкупно 6.700 m²

Airbus Defence and Space — Macedonia

Услуги за чистење

Turkish Airlines

Услуги за чистење

New Yorker

Услуги за чистење · 3 објекти

Бис Оил

Гарден Инн резиденс · Аквадукт Резиденс · 6.000 m²

Управа за водење на матичните книги

Услуги за чистење · 39 објекти · 2.943 m²

Дирекција за ТИРЗ

Услуги за чистење · 7 објекти · 2.037 m²

Тинекс

ТЦ Зебра · ТЦ Го-Ди · ТЦ Лиса

Државна лотарија на Македонија

Услуги за чистење · 3 објекти

Тојота Авто Центар

Услуги за чистење · 1.200 m²

Гаминг Професионал (Казино Play4win)

Услуги за чистење

Стандарди кои не се на хартија.

ISO 9001 — систем за менаџмент со квалитет
ISO 9001:2015Менаџмент со квалитет
ISO 14001 — систем за менаџмент со животна средина
ISO 14001:2015Животна средина
ISO 45001 — безбедност и здравје при работа
ISO 45001:2018Безбедност и здравје при работа

Нашата работа, одблиску.

Имате QR код на вашата локација?

Во објектите под наше одржување, на клучните точки има залепен QR код. Скенирајте го за да пријавите проблем за таа точка — локацијата се пополнува автоматски, а вие добивате код за следење на статусот.

Најлесно — со камерата на телефонот:

  1. Отворете ја вградената камера на телефонот (Camera апликацијата).
  2. Насочете ја кон QR кодот и почекајте една секунда.
  3. Ќе се појави линк / известување на екранот — притиснете го и формуларот се отвора со веќе пополнета локација.

Работи на сите нови телефони (iPhone и Android) — не треба посебна апликација.

Немате QR код при рака? Пријавете барање рачно →

Вработен сте? Најави се во системот →

Алтернатива:

Ако камерата не препознае автоматски, притиснете го копчето подолу за скенирање тука. (На некои iPhone уреди оваа опција не е достапна — тогаш користете ја камерата како погоре.)

Придружи се на тимот.

Постојано бараме одговорни и вредни луѓе — хигиеничари, техничари и хаусмајстори — за објекти низ земјата. Пријави се на info@ig.com.mk со назнака „Апликација за вработување“.

Да разговараме за вашиот објект.

Пратете ни ги основните податоци за објектот — тип, површина и потребни услуги — и ќе се вратиме со конкретна понуда.

Адреса ул. Перо Наков бр. 134, 1000 Скопје
Домување +389 70 346 344
Чистење и одржување — Македонија +389 75 248 913
Чистење и одржување — Косово +383 48 101 959
Е-пошта info@ig.com.mk
Веб www.ig.com.mk
Побарајте понуда по е-пошта
Веќе сте наш клиент?

Пријавете дефект или сервисно барање и следете го статусот онлајн.

Побарајте понуда

Пополнете ги податоците и ќе ви се јавиме со конкретна понуда.

Потребни услуги
Полињата означени со * се задолжителни.

За вработени и соработници

Внатрешен пристап до системот за управување и следење на сервисните барања. Само за овластени вработени и соработници.

Најави се →
Viber · Домување